ШАКИРА ИМА НОВА ЉУБОВ? Мануел е 4 години помлад од неа (ФОТО)

by Тони Зографски

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира повторно го привлече вниманието на светските медиуми откако беше забележана во американската сојузна држава Калифорнија, со мексиканскиот глумец Мануел Гарсија-Рулфо, предизвикувајќи сомнежи за потенцијална нова романса.

Фотографиите објавени ексклузивно од платформата „Думоа (DeuxMoi)“, покажуваат како двојката заедно го напушта ексклузивниот хотел „Сансет тауер (Sunset Tower)“ во Лос Анџелес. Според очевидци, латинопејачката и актерот од популарната серија на Нетфликс – „Адвокатот на Линколн“, биле „во исклучително добро расположение, видливо насмеани и во лежерни, црни комбинации за пригодата“, по што заедно заминале со неговиот автомобил.

По раскинувањето со Шакира, Пике беше во врска со Клара Чиа Марти, која е 12 години помлада од него, со која наводно ја изневерил пејачката, а Шакира потоа им се потсмеваше во една нејзина песна.

Мануел неодамна се раздели од Одри Мекгроу, најмладата ќерка на познатите кантри пејачи Фејт Хил и Тим Мекгроу, со кои помина три години. Во февруари 2026 година, двајцата ги избришаа фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи. Престанаа да се следат една со друга на социјалните платформи, а сестрите на Одри, Грејси и Меги, исто така престанаа да го следат својот неочекуван зет.

Актерот е 21 година постар од неговата поранешна девојка, со која ја делеше страста за фотографија и патувања. Мануел Гарсија-Рулфо никогаш не бил во брак и нема деца.

Шакира ги има синовите Милан (13) и Саша (11) од врската со Пике. Поранешната двојка се разведе во јуни 2022 година по 11 години заедно. Пејачката неодамна изјави за People дека е целосно посветена на своите деца и дека е слободна, и дека во моментов не размислува за промена на љубовниот статус.

„Можеби ќе се случи кога ќе бидат малку постари“, рече таа. Дали Мануел се предомисли? Интересно е што обожавателите претходно ги поврзуваа Шакира и мексиканскиот актер.

останати вести