„Црвена јабука“ му даде автограм на обожавател од камион (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Членовите на „Црвена јабука“ уште еднаш покажаа колку се блиски со својата публика, а овојпат тоа го направија на навистина необичен начин.

Бендот на својот инстаграм-профил сподели видео снимено за време на патување, на кое може да се види како им даваат автограм на возач на камион кој се движел паралелно со нивното комбе. Низ прозорецот му подале лист хартија и пенкало, а неговата реакција по добиениот потпис јасно покажува колку му значел тој момент.

На снимката стои пораката „И вака се даваат автограми“

https://www.instagram.com/crvenajabukaofficial/reel/DZj92Xeo2ke


Видеото веднаш ги воодушеви следбениците на бендот, а меѓу бројните коментари се издвои и шеговитата порака од една обожавателка која ѝ напиша на својата пријателка: „Ќе застанеме ли и ние во ред?“.

Инаку, Црвена јабука овој јуни одбележува значаен јубилеј – 40 години од објавувањето на својот деби-албум, со кој започна нивната успешна музичка кариера. На албумот се наоѓаат некои од нивните најголеми хитови, меѓу кои „Bježi kišo s prozora“, „Sa tvojih usana“ и „Dirlija“.

По повод јубилејот, неодамна беше објавено и луксузно винилно реиздание на легендарното издание, а фронтменот на бендот, Дражен Жериќ Жера, на фестивалот ЦМЦ во Водице доби и специјален подарок од Кроација рекордс – стаклена скулптура од уметницата Алана Кајфеж, инспирирана од насловната страница на нивниот прв албум.

останати вести