Колин Фирт повторно ја пронајде љубовта откако се разведе по 22 години брак (ФОТО)

by Тони Зографски

Колин Фирт се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот „Ден на разоткривањето“ (Disclosure Day) во Лондон со својата партнерка Елеонора Пербони, со која наводно е во врска две години.

Фирт и Пербони заедно прошетаа по црвениот тепих пред лондонското кино „Синеврлд Леичестер сквер“. Актерот за пригодата избра класичен црн костум, додека неговата партнерка блескаше во елегантен црн комплет составен од палто и панталони, кои ги надополни со едноставна чанта.

Фото: Wiktor Szymanowicz / AFP / Profimedia

Според британските медиуми, двојката е во врска две години, но првпат јавно ја потврдија својата романса минатиот октомври на проекција на филмот „Хамнет“. За Елеонора Пербони сè уште се знае многу малку бидејќи таа успешно го избегнува медиумското внимание

Инаку, ѕвездата на „Говорот на кралот“ се разведе од својата сопруга Ливија Џуџиоли во 2019 година по 22 години брак. Тие ги имаа синовите Матео и Лука, а Фирт има и постар син од врската со актерката Мег Тили.

останати вести