Мадона откри кој бил нејзин најдобар љубовник

by Тони Зографски

Во текот на промоцијата на новиот албум „Confessions II“, кој излегува на 3 јули, Мадона учествуваше во разговор на Гриндр заедно со неколку познати имиња од светот на модата, уметноста и забавата. Неизбежна тема стана нејзиниот љубовен живот, а едно прашање доведе до неочекуван одговор.

Во видео кое првично го објави „Пејџ сикс“, дизајнерот Раул Лопез директно ја праша Мадона кој бил нејзиниот најдобар љубовник. Пејачката пред да одговори постави едно правило.

„Ќе именувам само мртви луѓе“, рекла таа, пред речиси со шепот да го изговори името на Џон Кенеди помладиот.

Присутните биле изненадени за момент, а потоа реагирале со неверица и смеа. Лопез притоа додал дека веќе слушнал слични приказни за синот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.

Мадона и Џон Кенеди помладиот беа кратко поврзани кон крајот на 1980-тите, иако луѓето од неговиот круг подоцна тврдеа дека станува збор само за минлива романса.

Според биографијата од 2024 година „ЏФК помладиот: Интимна усна биографија“, близок пријател на Кенеди ја опишал нивната врска како краткотрајна афера без сериозни намери. Сепак, некои извори тврдат дека Кенеди бил фасциниран од познатата пејачка уште од првата средба.

Мадона не е единствената позната личност која зборувала со симпатии за Џон Кенеди помладиот. Актерката Брук Шилдс неодамна го опиша како еден од најдобрите љубовници кога станува збор за бакнежи.

Покрај личните откритија, Мадона го искористила интервјуто за промоција на албумот „Confessions II“, додека Гриндр најавува и ограничено винилно издание на плочата со посебен дизајн.

останати вести