На црвениот тепих на 79-от Филмски фестивал во Кан, Камелија Џордана пристигнала во смела комбинација и буквално било невозможно сите погледи да не бидат вперени кон неа, а речиси немало кој не се сврте додека позирала по повод премиерата на филмот „Garance“.

Пристигнала во раскошна креација на дизајнерката Марин Сер, а она што ја довело во центарот на вниманието биле нејзините голи гради, кои не се двоумела да ги покаже.
Модната комбинација била составена од долга црна сукња со волуминозен крој и горен дел изработен од сребрени метални нишки и кристали, под кој не носела ништо.
Со овој впечатлив горен дел имала и соодветен накит, како и автентична фризура и ефектна шминка.
Поради ваквиот смел стајлинг, социјалните мрежи се преплавени со коментари за неа, а нејзиното издание е меѓу најкоментираните на Филмски фестивал во Кан од сите што досега сме имале можност да ги видиме.



