Џенет Џексон во ретко појавување на црвениот килим (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Џенет Џексон повторно го привлекла вниманието со реткото појавување на црвениот килим во Лос Анџелес.

Додека околу филмот „Michael“ и понатаму се редат контроверзии, нејзиното отсуство на поддршка за проектот многумина го толкуваат како тивко дистанцирање од семејната приказна.

@janetjourney

Janet Jackson at the Recording Academy and Grammy Museum’s 2026 Grammy Hall Of Fame #janetjackson #fanpage #fansupport

♬ original sound – Janet Journey

Џенет изгледала импресивно кога во петокот вечерта зачекорила на црвениот килим на настанот „Grammy Hall of Fame“ во Беверли Хилс, каде што нејзиниот култен албум „Rhythm Nation 1814“ од 1989 година бил награден и вклучен во Куќата на славните.

Педесет и деветгодишната музичка ѕвезда го покажала својот препознатлив моден стил во смел сив пругав костим со широки ногавици и долго сако. Комбинацијата ја надополнила со бела кошула со нагласена јака и марама околу вратот.

Музичката икона се појавила во впечатлива модна комбинација која веднаш предизвикала реакции на социјалните мрежи, но зад гламурозното издание повторно се отвори прашањето за односот на семејството Џексон кон долгонајавуваниот биографски филм за Мајкл Џексон.

Џенет на настанот во Лос Анџелес доминирала на црвениот килим со смел стајлинг и воздржано појавување, без изјави за филмот кој во последните недели предизвикува поделени реакции кај публиката.

Тишина што зборува повеќе од изјавите

Иако семејството Џексон беше јавно вклучено во промоцијата на филмот „Michael“, Џенет се држи настрана. Токму нејзиниот молк стана една од главните теми меѓу обожавателите и американските таблоиди.

Џенет за време на појавувањето не го коментирала ниту филмот, ниту медиумските полемики. Наместо тоа, фокусот останал на нејзиното модно издание и реткото појавување пред фотографите.

останати вести