Пејачката Кеша гостувала во поткастот „Call Her Daddy“ на водителката Алекс Купер, каде што отворено зборувала за својот сексуален живот.
Поткастот е познат по искрените разговори со славни гости, а меѓу нив претходно биле Хејли Бибер, Зејн Малик и Гвинет Палтроу. Минатата година внимание привлекла и Шарлиз Терон, која во истата емисија зборувала за својот љубовен живот.
Главно во целибат — освен во Италија
Кеша открила дека моментално е „главно во целибат“, но низ шега додала: „Освен кога сте во Италија.“ Пејачката објаснила дека таму си дозволува поголемо опуштање и ги пофалила италијанските мажи. На прашањето на Алекс Купер дали во Италија има „кралеви“, одговорила: „О да, во Италија има е*ени кралеви“.
Пејачката рекла дека кога не е во Италија, се насочува кон медитации за благодарност и работа на себе. „Кога се изборив за слобода, помислив дека сум лута поради многу работи, но една од нив е … задоволството“, рекла таа. Додала: „Во ред е жената да чувствува задоволство на овој свет“. Кеша признала и дека морала да го „репрограмира“ начинот на кој размислува по тешките искуства и отворено рекла: „Мастурбирам секој е*ен ден и воопшто не ми е срам поради тоа“.

Обожавателите ја пофалиле нејзината искреност
Говорејќи за целибатот, авторката на хитот „TiK ToK“ објаснила дека сака да ја привлече вистинската личност во својот живот. „Го повикувам е*ениот крал. Време е за мојот крал“, рекла таа низ смеа за време на разговорот во поткастот.

Во коментарите, бројни гледачи ја пофалиле отвореноста и енергијата на Кеша. „Таа навистина има толку утешна енергија без осудување“, напишал еден гледач, додека друг додал: „Искрено го сакам нејзиниот карактер“.
