Необична несреќа се случи во хрватскиот град Сењ, каде полициски автомобил заврши во морето. Според локалните медиуми, полицаецот накратко излегол од возилото за да оди до банкомат.
Од засега неутврдени причини, службениот автомобил се придвижил и слетал во морето во градското пристаниште. Необичната сцена брзо привлекла внимание кај минувачите и туристите.
На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници. За среќа, никој не е повреден, а на возилото е причинета помала материјална штета.