Ен Хатавеј интензивно го промовира продолжението на култниот филм „Ѓаволот носи Прада“ и се чини дека секое нејзино појавување е сосема нова модна приказна. Не толку одамна, таа блескаше во скулпторска креација од брендот Луј Витон, а сега ги изненади сите со ненадејна промена во стилот.
Наместо луксузните креации што често ги избира за големи настани, овој пат таа избра изглед што комбинира детали од висока мода и деловен стил.

Имено, Ен беше гостинка во емисијата „Добро утро Америка“ за да го промовира гореспоменатиот филм, а за таа пригода избра сив пругаст сет составен од миди здолниште и јакна со прерамки.
Под него, таа носеше црна ролка, бидејќи акцентот, сепак, беше на овој, да речеме, деловен изглед, а додаде и црн ремен со златен круг што му даде на целиот стил тој модерен допир.

Исто така, не треба да се изостави и ткаенината што виси од левата страна – впечатлив детаљ што го подигна изгледот на актерката на следно ниво. Таа го заокружи стајлингот со црни чевли и додаде преголеми црни очила.
