ЕКАТЕРИНА ЧУДНОВСКИ ГО НАСЛЕДИ OnlyFans: Која е жената која стои зад бизнисот од 5,5 милијарди долари?

by Тони Зографски

По смртта на американско-украинскиот милијардер Леонид Радвински, познат по изградбата на платформата OnlyFans, компанијата ќе ја води неговата сопруга, Екатерина Чудновски. Таа досега се држеше подалеку од медиумското внимание, занимавајќи се со филантропија и право, но сега, со семејниот фонд, клучевите на компанијата, чија пазарна вредност се проценува на неверојатни 5,5 милијарди долари, се најдоа во нејзини раце.

Според Енди Бахман, извршен директор на компанијата „Creators Inc.“, која тесно соработува со креатори на содржини за возрасни, смртта на Радвински не била ненадејна, што ѝ овозможило на компанијата да се подготви за транзицијата, а со тоа и на неговата сопруга да се подготви за нова деловна авантура.

Иронично, Леонид Равински го криел својот приватен живот од медиумите, па така и сопругата и семејството. Познато е дека бил татко на четири деца, но нивните идентитети успешно биле криени од медиумите од страна на бизнисменот и неговата сопруга.

останати вести