Босна и Херцеговина вечерва против Италија во Зеница ќе го одигра еден од најважните натпревари во нивната фудбалска историја. На домашен терен на стадионот „Билино поле“, Босанците ќе се обидат втор пат да обезбедат учество на Светско првенство.
Поради извонредната важност, интересот е огромен. Билетите се распродадени, а на „црниот пазар“ цените одат и до 10.000 неверојатни евра. За оние кои сакаат да гледаат во живо, а немаат билет, еден човек од Зеница им понуди решение – изнајмува балкон со одличен поглед.
„Изнајмувам балкон, цената е 500 евра, балконот може да смести 4 лица, цената вклучува скара и пијалок по ваш избор. Само сериозни понуди во иМбокс“, напиша Дино Мујановиќ од Зеница на Фејсбук.
Тој со фотографија од балконот покажа колку е блиску неговата зграда и дека навистина има фантастичен поглед на теренот.

Во разговор со новинари, Мујановиќ рекол дека оваа „реклама“ ја објавил од чиста забава, но дека веднаш добил неверојатни понуди.
„Добив повик од некој што ми понуди џип „Лада Нива“. Имаше и други понуди како еден тон компири. Инаку, погледот од мојата зграда е многу подобар и поблиску отколку што изгледа на фотографијата“, вели Мујановиќ.
