Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Црниот дроб е природен филтер на телото, ги отстранува токсините, ги разградува мастите, помага во варењето и поддржува стотици метаболни функции. Лошата исхрана, алкохолот, стресот, употребата на лекови и токсините од околината го оптоваруваат овој витален орган.
Најважни улоги на црниот дроб: • детоксикација: филтрирање на токсините од храната, алкохолот и лековите • метаболизам: претворање на јаглехидратите, мастите и протеините во енергија • производство на жолчка: поддршка на варењето и апсорпцијата на мастите • складирање: чување на витамини, минерали и гликоген • имунолошка одбрана
Додатоците и мултивитамините за поддршка на црниот дроб делуваат на три начина: – детоксикација, процесирање и елиминнирање на штетните токсини – антиоксидантна заштита, ги штитат клетките од оштетување од слободни радикали – надополнување на хранливи материи, витамини и минерали
Витамин Е е антиоксиданс, помага во заштитата на клетките од оштетување, ги зголемува природните антиоксиданси на црниот дроб, го намалува воспалението и лузните на црниот дроб, спречува таложење на масти. Не е безбеден за секого.
Омега-3 масни киселини се здрави масти кои го ублажуваат воспалението, го поддржуваат имунолошкиот систем. Можат да ги намалат мастите во црниот дроб, триглицеридите и го забававуваат создавањето лузни на црниот дроб.
Бета каротен е антиоксиданс, се складира во црниот дроб. Се наоѓа во домати, лубеница, манго, тиква, ананас. Ги штити клетките на црниот дроб од оштетување, ги намалува лузните и го ублажува воспалението.
Ликопенот е антиоксиданс, се наоѓа во домати, кајсии, дињи, праски, црвен грејпфрут. Ги намалува мастите и воспалението во црниот дроб.
Куркуминот е антиоксиданс, има силни антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти. Го намалува воспалението на црниот дроб. го подобрува протокот на жолчката за подобро варење, штити од оксидативен стрес предизвикан од алкохол или токсини.
Млечен трн (силимарин) е најпознатиот додаток за здравјето на црниот дроб. Има моќни антиинфламаторни и антиоксидативни својства, ги штити клетките од токсини и оштетувања. поддржува регенерација.
N-ацетил цистеин (NAC) е претходник на глутатионот, најважниот антиоксиданс во телото. Игра клучна улога во детоксикацијата, ги обновува нивоата на глутатион во црниот дроб, штити од оштетување предизвикано од алкохол или лекови.
Алфа-липоична киселина (ALA) е антиоксиданс кој помага во рециклирањето на други антиоксиданси (витамин Ц и Е), поддржува детоксикација на црниот дроб, го намалува оксидативниот стрес, ја зголемува чувствителноста на инсулин.
Коренот од глуварче се користи за здравјето на црниот дроб и дигестивниот систем, стимулира производството на жолчка, поддржува варење и метаболизам на масти, помога во намалувањето на воспалението на црниот дроб.
Екстракт од лист од артичока содржи соединенија корисни за функцијата на црниот дроб и жолчното кесе, стимулира производство на жолчка, помага во варењето на мастите, намалувањето на холестеролот и заштитата на црниот дроб.
Мултивитаминските препарати дизајнирани за здравјето на црниот дроб обезбедуваат избалансирана мешавина од хранливи материи: Б-комплекс витамини, витамин Ц, витамин Д, цинк, селен, магнезиум.
Совети за подобро здравје на црниот дроб: – балансирана исхрана, интегрална храна, зеленчук, овошје, посни протеини и здрави масти – хидрација – ограничено алкохол и преработена храна – физичка активност – избегнување непотребни лекови и токсини – одржување здрава тежина
Додатоците во исхраната се поддршка, не ја заменуваат здравата исхрана и не се замена за медицински третман.
