Откријте дали јадете лажен мед

by Тони Зографски

На полиците во супермаркетите сè почесто наидуваме на мед по исклучително евтини цени. Иако производителите тврдат дека станува збор за сосема природен производ, тоа е далеку од вистината!

За почеток, голем број од производителите тврдат дека медот мора да биде „филтриран“ бидејќи со тој процес од него се отстрануваат штетните материи, како што е восокот. Меѓутоа, во истиот тој процес, се отстранува и поленот кој е исклучително здрав, а се додаваат многу други непотребни, а често и нездрави материи.

Како тогаш да го разликувате вистинскиот мед? Ова се некои од начините:

  1. Секој вистински мед со тек на време ќе се кристализира, тоа е сосема природен процес кој особено го поттикнуваат ниските температури. Ако не дојде до кристализација, дури ни кога медот е во фрижидер, тогаш сте купиле лажен мед.
  2. Внимателно прочитајте ја листата на состојки. Ако таму пронајдете гликоза и сируп од пченка, во теглата имате сè освен природен мед.
  3. Ставете вода во чаша и додадете неколку капки јод. После тоа, ставете и една лажичка мед. Ако водата добие сина боја, тоа значи дека во медот е додаден и пченкарен скроб.
  4. Доближете чкорче до лажичка мед. Ако медот се запали значи дека е чист, а ако не изреагира, значи дека е лажен.
  5. Ако лажичката мед ви се раствори во чаша со студена вода, значи дека медот е од лош квалитет. Чистиот органски мед не се раствора.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com