Сидни Свини искрено: Поради големите гради не се чувствував добро (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата актерка Синдни Свини, една од најпопуларните ѕвезди на денешницата, неодамна лансираше нова линија долна облека под брендот Syrn, а во кампањата позираше и самата.

Во интервју за „Us Weekly“ таа откри дека идејата се родила од личните несигурности што ги имала како тинејџерка.

-Отсекогаш имав големи гради. Веќе носев 70DD во шесто одделение и не се чувствував добро во своето тело, изјави актерката, додавајќи дека вистинската самодоверба ја стекнала дури по улогата на Кеси во серијата „Еуфорија“.

Токму затоа решила да создаде долна облека која ќе биде удобна, со добра потпора и дизајн што им одговара на различни женски тела. Свини откри дека инспирацијата ја собирала на Pinterest, а посебно внимание посветила на малите детали – како срцата вградени во дизајнот на градниците.

останати вести