Утре на 48 часа се затвора обиколницата кај Солун заради градежни работи

by Тони Зографски

Македонците кои викендов планираат да заминат во Солун треба да бидат подготвени на можни сообраќајни проблеми, откако сообраќајната полиција најави целосен прекин на сообраќајот на дел од источната внатрешна обиколница во траење од 48 часа.

Според информациите од грчките власти, сообраќајот ќе биде затворен од петок, 13 март во 23 часот до недела, 15 март во 23 часот.

Прекинот ќе се однесува на делницата меѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија), што е една од фреквентните сообраќајници во градот.

Причината за затворањето е рушењето на мостот „Агиос Павлос“, кое е дел од големиот инфраструктурен проект „Flyover Thessaloniki Project“ што се реализира во Солун.

Во текот на двата дена сообраќајот ќе биде пренасочуван низ градските улици, поради што властите очекуваат значително зголемен метеж.

Од сообраќајната полиција апелираат возачите да избегнуваат непотребно движење по оваа делница, да ги следат поставените сообраќајни знаци и упатствата од службите на терен.

Информацијата беше споделена и во групата Грција инфо, каде редовно се објавуваат корисни информации за патниците од регионот.

останати вести