ПО ТРИ ПОРОДУВАЊА: Поранешната тенисерка број еден во светот го покажа неверојатното тело во бикини (ФОТО)

by Тони Зографски

Каролина Возњацки објави фотографија од егзотичниот одмор што го поминува со својот сопруг Дејвид Ли на Карибите. Таа позираше на луксузна јахта во црвено бикини и ја покажа својата неверојатна фигура.

Поранешната тенисерка број еден во светот објави неколку фотографии во различни пози и покажа дека е во одлична форма, а на една позира со својот сопруг, поранешна НБА ѕвезда, со кого е во брак од 2019 година.

За време на одморот, тие беа на забавата по повод 40-тиот роденден на дизајнерката Евелин Менин, па затоа комбинираа дружење и релаксација на една од најатрактивните локации.

Каролина Возњацки, 35-годишна данска тенисерка со полско потекло, е мајка на три деца, а минатата година се породи по трет пат. Таа и нејзиниот сопруг ја имаат 4-годишната Оливија, 3-годишниот Џејмс и бебето Макс.

Таа зборуваше за напуштањето на професионалната тениска кариера минатата година во подкастот „Nothing Major“, каде што рече дека најверојатно нема да се врати на теренот, бидејќи сака да ужива во своето семејство.

останати вести