Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Синдромот на пролетн умор не е болест туку збир на одредени психо-физички симптоми. Тоа е состојба на умор, намалена енергија, поспаност, пад на концентрација, варијации на притисокот, промена на располоението, кои се поврзуваат со почетокот на пролетта.Причина се потоплите и подолги пролетни денови и неможност организмот брзо да се адаптира на новите временски услови.
Телото ги прилагодува хормоните, организмот се “оптеретува” и реагира со чуство на умор. Улога има и зимската храна која е појака, со повеќе калории, масти и шеќери.
Во тек на зима мелатонинот, хормонот на спиењето, е предоминантен. На пролет се намалува неговата концентрација, но поспоро отколку што очекуваме. Затоа во утринските часови сме поспани, уморни иако добро сме спиеле. Во зима исцрпени се резервите на серотонин, хормонот на среќа; потребно е време и изложување на сонце за тој повторно да се активира.
Со пролетта се јавуваат и проблеми со варењето на храната и гастрични тегоби особено кај особи кои и претходно имале проблеми. Поради стресот доаѓа до зголемено лачење на киселини кои ја надразнуваат лигавицата на желудникот.
Со буење на вегетацијата може да се јават симптомите на алергија: кивавица, чешање во нос и грло, главоболка, надразнителна кашлица, солзење на очи, замор, отежнато дишење, малаксалост.
Анемијата го следи пролетниот умор поради недостатокот на железо во зимската исхрана. Храна богата со железо: црвено месо, црн дроб, интегрални житарки, јајца, лиснат зелен зеленчук, капини, боровнки, цвекло, спанаќ, какао, коприва, смокви.
Пролетен умор се јавува поради:
– недостаток на витамин Ц. Зимската исхрана е едноличната и недоволно избалансирана, со помалку свежо овошје и зеленчук. Се намалува искористеноста на кислородот во клетките и ткивата, слабее имунолошкиот систем. Зимската, повеќе термички обработена храна има помалку нутритивно корисни состојки.
– недостаток на витамин Д поради помала изложеност на сончева светлина, зимските денови се пократки, помалку време поминуваме надвор. Производството на витамин Д се намалува и се јавува умор, недостаток на енергија, опаѓање на коса.
– намалена продукција на серотонин поради пократките зимски денови и недостатокот на сончева енергија. Кога е намалена синтезата на овој “хормон на среќа” тогаш поактивен станува друг хормон, мелатонинот, кој е виновен за чуството на поспаност. На пролет се менува балансот серотонин/мелатонин и на организмот му треба веме да се прилагоди на промените.
– недостаток на физичка активност прави да се чуствуваме тромо.
– честите промени на времето и температурните разлики на кои организмот треба да се адаптира.
За да го победиме пролетниот умор се препорачува:
– нутритвно богата, лесна, свежа и разновидна исхрана
– доволно сон, легнување (пред полноќ) и станување во исто време
– внес на течности, 2-2.5 литри на ден
– физичка активност; со вежбањето се чуствуваме подобро, повитални, се зголемува дотокот на кислород во ткивата, телото станува побудно и одморно
– престој во природа, на отворено, изложеност на сончва светлина која е најдобар извор на витамин Д
– природната светлина го подобрва расположението и ја ублажува поспаноста, го намалува производството на мелатонин
– да не се претерува со кофеин, тутун, алкохол, газирани и благи пијалоци
– додатоци на витамин Ц, Д , Б витамини, железо, магнезиум, цинк, коензим Q10.
