Џина Џиновиќ без градник во провокативно издание на плажа (ФОТО)

by Тони Зографски

Ќерката на познатиот пејач Џина Џиновиќ повторно ги разбранува социјалните мрежи со провокативни фотографии од плажа. Иако е февруари, таа објави жешки кадри на кои ужива на сонце, привлекувајќи огромно внимание од своите следбеници.

Џина позираше во минимален костим за капење, а на лежалка со егзотичен пијалак покажа самодоверба и стил по кој е препознатлива. Ова не е првпат да сподели смели фотографии, иако, според претходни пишувања, нејзиниот татко, пејачот Харис Џиновиќ, не секогаш ги одобрувал ваквите изданија.

Instagram pritnscreen

Покрај фотографиите, се зборува и за големи промени во нејзиниот живот. Според медиумите, Џина повеќе не живее во Србија и ја напуштила семејната вила на Сењак поради новата љубовна врска.

Instagram pritnscreen

Таа наводно се преселила во Барселона, каде што ужива во луксузен живот, редовно објавувајќи фотографии од ресторани и шопинг центри. Со секоја нова објава, младата инфлуенсерка повторно докажува дека знае како да го задржи вниманието на јавноста.

останати вести