Вознемирувачко видео: Претепаниот Шаја Лабаф гол до појас лежи на улица (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Холивудскиот актер Шаја Лабаф завчера беше уапсен во Њу Орлеанс, откако во текот на карневалот викендов, го поминал забавувајќи на карневалот Марди Грас. Полицијата на Њу Орлеанс соопшти дека интервенирале во квартот Фобур Мариња, недалеку од Францускиот кварт, епицентарот на карневалските настани, бидејќи Лабаф наводно станувал сè поагресивен во локален бар.

Меѓутоа, по објавеното видео од страна на американскиот портал ТМЗ на социјалните мрежи каде што е снимено како лежи повреден и гол до појас, Шаја Лабаф е уапсен под сомнение за учество во инцидентот.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како Шаја Лабаф лежи гол до појас и повреден на улица, додека неколку луѓе го тепаат. На снимката се гледаат траги од повреди и шокирачка состојба, што предизвика лавина реакции кај корисниците.

На сминката се гледа како актерот лежи на бетонот, а откако се обидува да стане, еден човек го предупредува да остане долу, додека двајцата го удираат со тупаници и го оставаат на земја.

„Ќе те претепаме, смири се!“, му вика еден човек на Лабаф.

Полицијата брзо интервенираше по пријавата за настанот и го лиши од слобода Шаја Лабаф, кој е осомничен за учество во инцидентот. Засега не се објавени дополнителни детали за причините за нападот, ниту за официјалната верзија на обвинението.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com