Уапсен во Врање возачот кој прегази жена во Капиштец и избега

by Тони Зографски

Саит Саитов (18), возачот кој минатиот месец ја прегази и усмрти 75-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, е лишен од слобода во српскиот град Врање. Веста ја потврди адвокатот Звонко Давидовиќ во вечерашното гостување во поткастот „Претрес“.

Бегство и екстрадиција

Според достапните информации, по сообраќајната несреќа, младиот возач прво побегнал од местото на настанот, а потоа ја напуштил и државата. Се претпоставува дека во бегството му помогнале неговиот татко и други роднини.

Адвокатот Давидовиќ најави дека осомничениот ќе биде екстрадиран од Србија во Македонија, а според неговите сознанија, најверојатно е приведен и таткото на Саитов.

Роднините тврдат: „Не знаевме кого возиме“

Во однос на помагачите, адвокатот пренесе дека роднините кои го пренеле преку границата „Табановце“ тврдат оти не биле запознаени дека Саитов е сторител на тешко кривично дело со смртни последици.

Давидовиќ изјави дека им верува на своите клиенти.

останати вести