Веќе некое време кружат гласини за наводната врска на Ким Кардашијан и Луис Хамилтон, а нивното заедничко појавување на Супербоул 2026-та дополнително ги разгоре гласините.
Риалити ѕвездата и британскиот возач од Формула 1 беа видени заедно на трибините, од каде што го гледаа натпреварот, а камерите забележаа низа моменти, кои брзо станаа вирални.
Нивниот разговор, кој, според Дејли Меил, го анализирал експерт за читање усни, привлече особено внимание.

– Не ја носам која било девојка кај мајка ми. Мислам, еден ден ќе ја запознаеш, многу се радува што ќе те види – наводно ѝ рекол Хамилтон на Ким, според експертот Никол Хиклинг, основач на LipReader.
Според неа, Ким реагирала малку несмасно, го покрила лицето и кратко одговорила „добро“, а видеото можете да го погледнете подолу.
Нивната интеракција ја анализирала и експертката за говор на телото Џуди Џејмс, која истакнала за Дејли Меил дека Ким ја користела таканаречената топло-ладно техника на флертување.
– Пред се, тука постои поза што покажува неподелено внимание меѓу нив, што е форма на невербален допир кога сте на состанок – објаснила Џејмс. Таа исто така додала дека Ким малку се навалувала наназад за да го гледа Луис додека зборувал.
– Ким всушност се наведнува за визуелно да го „впие“, а овој ласкав потег предизвикува видлива реакција од него – неговите црти на лицето омекнуваат и тој зборува со насмевка на задоволство.
– Ким дополнително го интензивира флертувањето кога врвот на нејзиниот јазик се појавува на страната од усните, што често се толкува како знак на разиграна желба или интерес. Потоа преминува на техника на силен интерес проследен со дистанца – по интензивен поглед, одеднаш го врти погледот настрана.
