Оваа година претставува голема животна пресвртница, но не за секого. Врз основа на анализата на движењето на клучните планети – Јупитер, Уран и Плутон, астрологот Василиса Володина идентификуваше три хороскопски знаци кои ги очекуваат најдраматичните промени.
Ќе им се отворат повеќе можности за фундаментално подобрување на животот – од значително зголемување на приходите до промена на кариерата. Но, доколку сакаат да „јаваат на брановите на успехот“, ќе мора да се придржуваат до одредени правила…
Прогнозата се темели на силни транзити кои создаваат единствени комбинации. Јупитер во Рак ќе привлече среќа во областите на домот, семејството и емоционалната стабилност, Уран во Близнаци ќе предизвика неочекувани пресврти, иновации и потреба за слобода на изразување, а Плутон во Водолија ќе продолжи со трансформативната работа, уривајќи застарени системи и принудувајќи на преиспитување на кариерата и општествените стратегии, објаснува Володина и додава дека оние чии натални карти резонираат со овие енергии ќе се најдат во епицентарот на позитивните промени.

Јарец: Финансиска флексибилност
Јарецот во наредниот период ќе постигне стабилност преку приспособливост. Уран во Близнаци ја активира втората куќа на финансиите, барајќи неконвенционални пристапи кон заработката. Ова е време за фриленсинг, дигитални проекти, совладување ИТ или информатички вештини. Истовремено, Плутон во Водолија ќе влијае врз комуникацијата, принудувајќи ве да го преиспитате кругот на контакти и начините на добивање информации.
Напуштете ги конзервативните финансиски планови. Направете подобра стратегија и инвестирајте во обука за перспективни дигитални професии. Бидете отворени за нови контакти и смели идеи – најпрофитабилните можности ќе дојдат од неочекувани извори, советува познатиот руски астролог.
Близнаци: Смел почеток на кариерата
Близнаците ќе доживеат редок и силен бран на влијанија. Почнувајќи од мај, Јупитер во Рак ќе ја осветли четвртата куќа на семејството и недвижностите, носејќи поддршка од најблиските, успешни купопродажби, профитабилно издавање недвижности и чувство на сигурност. Во исто време, Уран ќе ви влее храброст да се претставите во вистинско светло и да реализирате оригинални проекти.
Зајакнете ги семејните врски – тие ќе станат вашиот главен ресурс. Решете ги долгогодишните прашања поврзани со домувањето. По мај можете да се афирмирате, да започнете лични потфати или да го промените имиџот. Среќата ќе биде наклонета кон оние што ја комбинираат удобноста на домот со иновативен пристап кон работата, нагласува Володина.
Шкорпија: Трансформација на кариерата
Ова е година на длабоко професионално и финансиско „ресетирање“. Плутон во Водолија ќе врши силен притисок врз десеттата куќа на кариерата, терајќи ве да го смените правецот, да прифатите нови технологии или да усвоите флексибилен работен распоред. Сатурн во Овен, во осмата куќа на заедничките ресурси, ќе бара од Шкорпиите строго средување на долговите, кредитите, инвестициите и заедничките финансии.
Не плашете се радикално да ја промените кариерата доколку сегашната ги исцрпела сите потенцијали. Спроведете финансиска ревизија: реструктурирајте ги долговите, затворете непотребни кредити и средете ја документацијата. Силата на Шкорпијата оваа година не лежи во авантурите, туку во стратешкото управување со ресурсите.
