Џастин и Хејли Бибер се појавија заедно на 68-то доделување на Греми наградите и блескаа на црвениот тепих, иако пејачот подоцна го доби своето место на сцената и речиси ја остави сопругата во сенка.

Убавата Хејли блесна во таа пригода во елегантен црн фустан, а сега воодушеви со најновите папарацо фотографии.
Моделот бил забележан на улиците на Лос Анџелес откако застанала на кафе во популарниот ресторан „Леора“ во Беверли Хилс и ги покажала своите совршено обликувани стомачни мускули.

Кратката маичка во комбинација со фармерки била хит, а ако земеме предвид дека Хејли ја носела без градник – никој не ја погледнал маичката.
Иако станува збор за две сосема спротивни изданија, едното на црвениот тепих, другото на улица во опуштено дружење со пријатели, Хејли и двете комбинации ги носела на свој и оригинален начин.
Повторно нејзината фигура била во преден план, па немало човек што не ги погледнал извајаните стомачни мускули на згодниот модел и претприемач.
