КОЛКУ ЧИНАТ МРСУЛИТЕ НА СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН, А КОЛКУ НА ПЈЕР НИНИ?: Славните можат да продадат дури и употребени шамивчиња за нос

by Тони Зографски

За време на медиумската турнеја за објавувањето на неговиот нов филм „Гуру“, францускиот актер Пјер Нини се согласи да ја игра играта „Вистина или лага“ со јутјуберот Антон Рака.

Му беше поставено прашањето: „Вистина или лага, во 2008 година, употребеното марамче на Скарлет Јохансон се продаде на аукција за 5.300 долари?“

Одговор: Точно. Во 2008 година, познатата актерка си го издува носот за време на интервју на снимањето на американската емисија „Tonight“.

Таа била болна и објаснила дека го добила вирусот од нејзиниот колега Семјуел Л. Џексон, со кого глумела во филмот „The Spirit“. Во тоа време, ѕвездата се согласила марамчето да се продаде на аукција за добротворни цели. На крајот, собраните 5.300 долари биле донирани.

Очигледно инспириран од оваа приказна, Пјер Нини, сега понуди „да стави нешто на аукција за да види колку ќе вреди“.

Па така, Антон Рака му донесе марамче, а актерот си го издува носот пред камерата.

– Не е многу. Јас сум во добра здравствена состојба. Понудата ќе се искачи до пет евра – се пошегува актерот.

Можеби ќе ве интересира

Кратко потоа, Антон Рака го стави марамчето на продажба на eBay, со симболична почетна цена од едно евро. Многу брзо, огласот експлодирал: десетици илјади луѓе почнале да лицитираат и цената скокнала за неколку часа.

Она што започна како шега, доби неочекуван пресврт: цената на обично марамче сега достигнала 100.000 евра.

Пјер Нини и Антон Рака изјавиле дека сите собрани пари ќе бидат донирани во добротворни цели, иако сè уште не открија за кои.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com