Позирајќи во раскошен хотел зад сцената на Неделата на модата во Париз, Кристина Агилера (45) изгледаше сензуално додека ги покриваше своите голи гради со рацете.
Пејачката на „Genie In A Bottle“, за која обожавателите велат дека „старее како добро вино“, можеше да се види на фотографиите кои се објавени на Инстаграм, во раскошно здолниште од тил, и ништо друго.
Кристина изгледа многу помлада на заводливите фотографии, а обожавателите ја фалат нејзината „трансформација“.

Кристина ослабе над 22 килограми пред нејзиниот настап во Лас Вегас во 2024 година, а обожавателите сè уште се воодушевени од нејзиниот виток изглед.
Во тоа време, еден инсајдер изјави за Life & Style дека пејачката го ограничила внесот на калории на 1.600 калории дневно.

Изворот додаде дека Кристина вежбала „ригорозно“ секој ден од неделата.
– Кристина не се чувствуваше толку енергично со дополнителната тежина – рекол изворот.
