Брзина над дозволеното, поминување на црвено светло, погрешно паркирање и запирање и нерегистрирано возило – ова се четирите прекршоци за кои „Безбеден град“ ќе ги казнува возачите, изјави синоќа за ТВ Сител министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој вели дека целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот.
„Целта е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви. Ќе се констатираат исклучиво четири прекршоци: брзина над дозволено, поминување на црвено, погрешно запирање и паркирање и нерегистрирано возило“, истакна министерот.