47
Инфлуенсерката Ниа Ноар, која на социјалните мрежи стекна милиони следбеници и неофицијална титула „најубавата девојка на светот“, се најде во центарот на вниманието откако беше откриено дека не станува збор за вистинска личност, туку за лик создаден со помош на вештачка интелигенција.
Поделени реакции на следбеницитеКоментарите на нејзините профили се поделени. Многу корисници го фалат нејзиниот изглед:„Изгледаш како Барби! Прекрасна“, напишал еден корисник, додека друг ја нарекол „природно убава“. Трет додал: „Бог им подарил божица на твоите родители“.
Меѓутоа, додека многумина ја нарекуваат принцеза, други забележаа сомнителни активности, како профили кои оставаат идентични коментари под различни видеа.
„Ова очигледно е AI“Голем број корисници директно укажаа дека Ниа Ноар е лажна. „Ох Боже, ова е толку очигледно“, напишал еден, додека друг се запрашал: „Зошто никој не забележува?“.„Ова очигледно е AI, јасно е како ден“, пишуваат повеќето корисници.Корисниците забележале и низа недоследности, од невообичаен број прсти до коментари дека „телефонот дури ни нема знак на ‘Apple’“. Некои забележале дека фотографиите имаат „чуден, речиси ретуширан сјај“, што е честа карактеристика на слики генерирани со вештачка интелигенција, додека еден корисник се пошегувал дека Ниа Ноар живее „во длабочините на програмирањето“.