Најпознатиот хрватскиот пензионер Таљат Тони Селмани кој го освои регионот со неговата изјава за грипот, стана и манекен. Тој учествуваше на модната ревија на Саемот за венчавки во Загреб, каде се појави во друштво со бројни познати Хрвати.
“Иако има 82 години, Тони се прошета по пистата како да е барем педесетина години помлад“ , пишуваат хрватските медиуми.
Инаку, хрватските медиуми минатата недела открија дека дедо Тони всушност е Таљат Селмани, од Македонија, поточно од Вруток. Се сели во Загреб во 1960 година после отслужување на воениот рок. Тој со својата изјава за грипот минатата недела, го запали интернетот, и за само неколку часа имаше околу 300.000 прегледи на „Јутјуб“.