Контроверзната убавица стана мета на критики поради провокативниот фустан на детската премиера (ФОТО)

by Тони Зографски

Раперката Ајс Спајс се прошетала по црвениот килим на премиерата на детскиот филм за Сунѓер Боб и тоа во провокативно модно издание.

Контроверзната Ајс избрала несоодветен фустан за таков настан, а набргу се појавија бројни коментари во врска со нејзиниот изглед.

Проѕирниот бел фустан засенил сè, а Ајс целосно ја покажала својата долна облека, што многумина го сметаат за несоодветно за настан посветен на деца.

Но покрај тоа што беше видлива нејзината долна облека, пејачката ги истакнала и градите, со многу провокативно деколте, па кога се појавила присутните не знаеја каде попрво да погледнат.

„Дали ќе игнорираме дека ова е детска премиера“, „Каде мислеше дека оди“, „Ова е толку несоодветно“, „Зарем нема никој во тимот да ја посоветува како да се облекува“, беа дел од коментарите.

Инаку Ајс Спајс е позната како голема обожавателка на Сунѓер Боб, а во новиот филм таа го позајмува гласот на еден од ликовите, меѓутоа овој маркетинг воопшто не ѝ бил потребен.

останати вести