Скандалозната Бјанка Цензори „исчезна“, но тука е нејзината сестра (ФОТО)

by Тони Зографски

Контроверзната Бјанка Цензори која беше во врска со екс сопругот на старлетата Ким Кардашијан, раперот милијардер Канје Вест предизвика загриженост кога „исчезна“ од социјалните мрежи неколку недели, но потоа се врати со низа провокативни објави, но потоа направи уште една пауза.

Многумина забележале дека Бјанка повеќе не привлекува внимание кон себе толку многу како порано, но тука е нејзината сестра Анџелина за да ги надомести пропуштените можности.

Анџелина Цензори стана позната токму како сестра на Бјанка, а нејзините објави привлекуваат љубопитни погледи уште од самиот почеток.

Она што е јасно на прв поглед е секако сличноста со нејзината позната сестра, но и провокативниот изглед што го промовира на социјалните мрежи.

Анџелина наоѓа инспирација во модните изданија на Бјанка, а со неодамнешно видео ги „размрда“ социјалните мрежи.

Иако нејзината сестра ретко ги покрива дури и интимните делови од телото, Анџелина не отиде толку далеку, и позираше во фустан од брендот Mirror Palais, кој е транспарентен, но покриен со бела чипка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com