15





Пејачката и глумица Тејана Тејлор шокираше многумина со својот стајлинг на еден настан во Њујорк
Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание.

За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и минималистичка креација од Том Форд.

Станува збор за проѕирен фустан кој едвај ги покрива интимните делови од телото, а истакнува завидна фигура и извајани стомачни мускули.

Под проѕирниот фустан сите можеа да забележат дека пејачката носи танга гаќички, а стајлингот го комплетираше со струкирано сако во црна боја.


