Српска водителка се струполи среде извлекување „Бинго“: Извинете поради прекинот на програмата (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Водителката на играта на среќа „Бинго“ Маша Зиповски се струполила во живо на емисијата, а сега проговори на социјалните мрежи и откри како се чувствува.

– Ви благодарам на сите за вашата загриженост. Се случува, но сега сè е во ред – изјавила Маша.

– Извинете што ја прекинав програмата и ви благодарам за разбирањето. Се гледаме утре – додаде таа на Инстаграм.

Таа ги извикувала броевите извлечени за добитната комбинација, а потоа одеднаш се струполила и исчезнала од кадарот.

– Заедно со бројот 23, ќе се појави топчето број 10, следното топче го носи бројот 21. Следен е бројот… – рече Маша непосредно пред да падне.

Како што може да се види на видеото, снимателите веднаш ѝ притрчале на помош, а емисијата била прекината со реклами. Патем, Маша е многу активна на Инстаграм, каде што често споделува фотографии од студиото, како и од приватниот живот, и привлекува големо внимание со својот атрактивен изглед.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com