Сидни Свини направи драстична промена на својот имиџ: Градите повеќе не се во преден план (ФОТО)

by Тони Зографски

Популарната актерка Сидни Свини моментално го промовира својот нов биографски филм „Кристи“ во Лос Анџелес.

Покрај бројните колеги актери, на црвениот тепих ѝ се придружи и член на семејството – нејзиниот татко, Стивен Свини, кој ретко се гледа во јавноста.

Но, најголемото внимание на вечерта го привлече драстичната промена на имиџот на актерката. Наместо долгите кадрици што обично паѓаат под нејзините рамена, јавноста беше шокирана кога ја забележа нејзината фризура „боб“, популарен есенски тренд и за оваа година.

По овој повод, колористот Џејкоб Шварц и нејзиниот личен фризер Глен Коко разговараа за „Вог“.

„Сидни сакаше промена и, знаете, бараше нешто големо за својот момент на црвениот тепих за премиерата на филмот“, вели Шварц, додавајќи:

„Ова беше вистинскиот момент да се направи нешто смело, нешто драстично. Новата боја на косата е многу посветла од претходната, повеќе ледено руса боја, која ги истакнува нејзините сини очи и сите нејзини атрибути.“

А потоа Глен Коко продолжи да го објаснува креативниот процес зад овој изглед.

„Никогаш не ја имала косата толку кратка. Кристи (мислејќи на ликот што го игра Сидни во филмот) поминала низ толку многу трансформации и е толку силна, исто како Сидни која ја игра. Сакав да ја пренесам таа трансформација на Сидни и во реалниот живот затоа решивме да го направиме овој потег.“

Што се однесува до остатокот од стајлингот, фаталната русокоса носеше макси фустан во пудра розова боја кој ја истакнуваше нејзината витка фигура, но и бујно деколте.

Беше забележлив и ремен кој го нагласуваше нејзиниот тенок струк, а изгледот го заокружи со нежни тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com