Ѕринете во луксузниот стан на Лука Модриќ од 220 квадрати: Пентхаус во срцето на Загреб вреден 1,4 милиони евра (ФОТО)

by Тони Зографски

Минатата година големо внимание привлече информацијата за луксузниот стан во центарот на Загреб што го купил Лука Модриќ.Станува збор за пентхаус на улица Ткалчиќева со површина од 220 квадратни метри, кој располага со тераса и градина со панорамски поглед кон катедралата.

Станот е спој на два апартмана во поткровјето на елегантна зграда, а цената на квадратот во овој дел на градот изнесува меѓу 6.000 и 7.000 евра.Вкупната вредност на имотот се проценува на околу 1,4 милиони евра.Бидејќи нема хипотека ниту друг товар на недвижноста, Модриќ ја платил целосно во готовина.

Простор, дизајн и поглед што остава без здивНа веб-страницата на компанијата што ја изградила зградата може да се види скицата на пентхаусот што го купил Модриќ, како и рендери со предлог за ентериерното уредување.Се разбира, тоа е само предлог концепт – Модриќ може да го уреди станот според свој вкус.

Според скицата, станот располага со:• дневна соба од дури 70 квадратни метри,• гардеробер, остава и влезен ходник,• WC и три бањи,• помошен простор и дополнителен ходник со гардеробер,• четири соби, од кои една е предвидена како домашна канцеларија,• „walk-in“ гардеробер,• тераса од 20 квадратни метри и помал балкон на источната страна со неповторлив поглед кон загрепската катедрала.

Повеќе фотографии од станот можете да погледнете во галеријата подолу.


   

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com