47 светска тенисерка си ги зголеми градите: “Не жалам воопшто“ (ФОТО)

by Тони Зографски

28-годишна француска тенисерка Оушин ​​Додин ги изненади фановите со ново бујно деколте.

Оушин ​​Додин, е на пауза една година поради нарушување на внатрешното уво. Додин беше четвртфиналистка на минатогодишниот Отворен турнир на Австралија и беше рангирана на 47-мо место во светот, но паузата ја доведе до пад на 363-то место на ВТА ранг-листата.

Додека беше на третман за проблем со внатрешното уво, Французинката одлучи да ги зголеми градите.

Така таа стана првата тенисерка што се врати на теренот со силикони во градите.

Додин моментално се натпреварува на мал ИТФ турнир во Ремс, каде што игра одлично.

Додин досега ги победи Американката Керолин Ансари во првото коло и Французинката Џени Лим во второто, и двете со резултат од 2:1. Во четвртфиналето ќе се соочи со сонародничката Манон Леонард.

„Немам проблем да признаам дека сум ги зголемила градите. Долго време сакав да го направам тоа и ја искористив можноста сега бидејќи знаев дека ќе бидам надвор од играта некое време. Си реков дека е време да го направам она што го сакам.

Подобро сега отколку кога ќе ми заврши кариерата. Не жалам воопшто. Сите ми велеа дека нема да можам да играм откако ќе ми стават силикони. Како да ќе ми стават лубеници, хахаха…“, рече таа со насмевка за францускиот RMC Sports.

Откако стави силикони во градите Оушин редовно на социјалните мрежи почна да објавува фотки во бикини на кои во преден план се токму бујните гради.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com