Атрактивната убавица Тами Хемброу ја започна својата кариера како обична девојка од (Gold Coasta) Златниот брег, споделувајќи ги своите дневни фитнес рутини на социјалните мрежи.
Нејзината искреност и посветеност брзо ја издвоија од многубројните убавици, а нејзината популарност наскоро ги надмина границите на Австралија.
Таа привлече особено внимание во јавноста документирајќи ги своите бремености и животот по породувањето.
Таа стана мајка на две деца на 22-годишна возраст, но тоа не ја спречи да изгради успешна кариера.
Тами е една од најследените фитнес инфлуенсерки во светот, успешна претприемачка и инспирација за милиони жени кои балансираат помеѓу мајчинството и кариерата.