Ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп објави фотографии од Њујорк позирајќи на голема тераса опкружена со облакодери со поглед на Менхетен
Таа избра едноставна креација со волуменозни детали на колковите, додека сè комплетираше со црни најлонски чорапи и елегантни светкави чевли. Уште еднаш, нејзините долги нозе беа во преден план, а комплиментите за нејзиниот изглед се нижеа под објавата. „Изгледаш одлично“, „Совршена си“, „Класично“, „Ти си најелегантната жена на светот“, „Прекрасна си“, беа само дел од коментарите.