Прославата и радоста со музика, храна и луѓето што ги сакаат треба да го направат тој ден посебен, но за жал тоа не беше случај со оваа свадба.
Срцекршачко видео од невестата како влегува во празна сала стана вирално откако гостите не се појавија на свадбата.
Калина Мари им се обрати на своите следбеници на TikTok и рече дека дигитално поканила 75 луѓе на свадбата и испратила физички покани на уште 25 гости.
За жал, повеќето од гостите не се појавиле на свадбата, а младенците морале да влезат со својот син пред петте луѓе кои се гледаат во видеото како го слават нивниот пречек.
„На поканата пишуваше 13 часот. Мајка ми ми прати порака во 13:15 часот и рече дека нема никој таму. Сопругот и јас конечно се појавивме во 14 часот, а таму имаше само пет луѓе. На настан што требаше да биде за 40“, напиша таа во описот на видеото.
Калина рече дека ова ја натерало да се запраша зошто луѓето не се појавиле на свадбата.
„Што направивме? Дали сум толку лоша личност? Што направи мојот сопруг за да заслужи нешто од ова? Сè уште имам „пријатели“ кои не ми пратиле порака да ми честитаат или да ми кажат зошто не дојдоа. Навистина ме боли. Искрено, сè уште не можам да разберам што се случи“, додаде таа.