ПРОШЕТА БЕЗ ГРАДНИК: Емили Ратајковски во несекојдневен фустан го покажа сексапилот

by Тони Зографски

Емили Ратајковски носела црн, сексапилен фустан со префинет прорез и покажала дека едноставноста и елеганцијата и тоа како можат да бидат заводливи.

Манекенката Емили Ратајковски се појавила на модната ревија на Келвин Клајн, на претставување на пролетната колекција 2026 година, одржана во склоп на Модната недела во Њујорк.

Ратајковски носела црн сексапилен фустан со префинет прорез и изгледала совршено.

Иако била закопчана до грло, прорезот на фустанот и тоа како дал доза сексапил и открил дека не носела градник.

Ратајковски со црниот фустан носела и црни чевли и очила за сонце, а покрај рамно пуштената коса имала и дискретна шминка.

Инаку, манекенката годинава се разведе од поранешниот сопруг Себастијан Бер-Меклард со којшто била во брак од 2018 година до 2022 година. Тие се разделија среде обвинение дека тој бил „сериски прељубник“.

останати вести