Девојката на Алкараз имала афера со Синер за време на Отвореното првенство на САД (ФОТО)

by Тони Зографски

Американскиот модел Брукс Надер наводно бил во друштво на двајцата најдобри светски тенисери Карлос Алкараз и Јаник Синер за време на Отвореното првенство на САД, открил извор за „Пејџ Сикс“.

Нејзината сестра Грејс Ан Надер претходно изјави дека Брукс била видена со мажи „од целиот свет“, но дека меѓу нив нема НБА кошаркари. Таа дополнително алудираше за кого станува збор кога рече дека името на еден од нив се римува со зборот победник, јасно алудирајќи на Јаник Синер.

„Има уште играчи во играта“, рече Грејс, на што Брукс на шега одговори: „Престани да зборуваш! Ќе те удрам кога ќе се вратам дома“.

Сепак, откако заврши Отвореното првенство на САД, се чини дека Брукс го избрала Карлос Алкараз. Ова го потврди нејзината сестра во неодамнешна изјава за E! News.

– Гласините се точни. „Запознавање“ е глупав термин, но знам дека тој е вистинскиот – рече Грејс Ан.

Иако странските медиуми пишуваат за оваа врска со денови, ниту Брукс ниту Карлос сè уште не дале јавна изјава.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com