Поради една фотографија ја освои титулата „најкул мајка во Холивуд“: Еве како изгледа славната актерка кога не ги очекува папараците (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката Камерон Дијаз успеа да ги освои симпатиите дури и на оној дел од публиката што толку многу не ја сака.

Имено таа била фотографирана во друштво на нејзината ќерка додека шетала со неа. И додека девојчето го возело тротинетот, актерката пешачела. Сепак, тоа не е она што го привлече вниманието на јавноста.

Туку тоа беше нејзината модна комбинација, толку едноставна, а сепак толку модерна и моќна. Дијаз се решила за тексас јакна, која ја носела преку бела маица, заедно со фармерки и бели патики.

Едноставно, а совршено – вистински пример за „кежуал шик“ комбинација.

Сепак, нејзиното појавување во јавноста не беше само моден момент. Тоа беше и потсетник за тоа колку Камерон ужива во улогата на мајка, во период од нејзиниот живот кога многу нејзини врсници одамна поминале низ фазата на одгледување мали деца.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com