Моделот Крис Тајген ја откри големата тајна на својот сопруг, музичарот Џон Леџенд.
Конечно, со помош на инструктор, на својат 41-година големиот музичар научил да плива.
Крис објави кратко видео на кое нејзиниот партнер ги слуша советите на својата инструкторка по пливање во базенот во нивната луксузна вила во Лос Анџелес.
“ Пливање со возрасни – многу сум горда“ напиша Тајген под видеот кое го видоа повеќе од два милиони следбеници.
Инаку, Крис и Џон ја почнаа врска во 2007 година, се верија во 2011, а се венчаа во 2013 година. Денес имаат еден од најцврстите бракови меѓу славните.