Се разведе и „Колдплеј љубовницата“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кристин Кабот, менаџерката за човечки ресурси која се здоби со слава откако камера за бакнување ја фати во афера на концертот на Колдплеј, официјално се разведува од својот сопруг Ендру.

52-годишната Кабот поднесе барање за развод помалку од еден месец откако видеото на кое се бакнува со својот шеф стана вирално. Сепак, се чини дека врската на двојката е нарушена веќе некое време, а Ендру Кабот наводно останал незаинтересиран за веста дека неговата трета сопруга одлучила да продолжи понатаму.

Поранешната сопруга: Тоа е карма

Неговата поранешна сопруга, Џулија Кабот, за „Дејли меил“ изјави дека му пратила порака на Ендру веднаш по инцидентот. „Тој рече: „Нејзиниот живот нема никаква врска со мене“ и потврди дека се разведуваат. Тој тврди дека тоа нема никаква врска со него, иако биле во брак и делеле куќа. Но, искрено, единственото нешто за кое се грижи се парите“, додаде таа.

„Не би рекла дека е материјал за сопруг“, остро коментираше Џулија, додавајќи за Кристин: „Но, и таа не изгледа како материјал за сопруга“.

Трет развод за богат наследник

Судските документи потврдуваат дека Кристин Кабот поднела барање за развод на 13 август во судот во Портсмут. За Ендру Кабот, извршен директор на семејната компанија Privateer Rum, ова ќе биде трет развод. Неговата поранешна сопруга го опишала како потомок на семејството Бостон Брамин, едно од најстарите и најбогатите семејства во Бостон.

Според Џулија, 63-годишна инструкторка по јога, нејзиниот поранешен сопруг го заслужил ова. „По сè, добив еден куп пораки од луѓе кои напишале само еден збор: карма. Како сееш, така ќе жнееш. Не мислам дека ова воопшто го погодило. Неговите чувства не се повредени. Веројатно е само засрамен“, рече Џулија, која беше во брак со Ендру четири години, сè додека не се разведоа во 2018 година.

Дали разводот е само претстава?

Од друга страна, некои извори изразуваат сомневање дека целата приказна за разводот е само обид да се спаси образот по виралниот скандал. Ендру Кабот бил на службено патување во Јапонија во времето на инцидентот и наводно не знаел што се случило сè додека не се вратил дома.

„Семејството сега тврди дека со месеци имаат брачни проблеми и зборуваат за разделба, што е интересно бидејќи само пред еден месец им кажуваа на сите колку се заљубени“, изјавил извор за „Мејл“.

Интересно е што Кристин и Ендру Кабот купиле куќа вредна 2,2 милиони долари со четири спални соби, сместена во близина на атлантскиот брег, само пет месеци пред скандалот.

Што точно се случило?

Да потсетиме дека инцидентот што доведе до целиот случај се случил на 16 јули на концертот на „Колдплеј“ на стадионот „Жилет“ во Масачусетс. Таму, Бајрон и неговата љубовница Кабот биле снимени од камера за бакнување, слична на онаа што се користи на спортски настани. Во видеото, кое набрзо стана вирално, Бајрон се гледа како ја држи Кабот околу половината, а таа му возвраќа блискост. Но, кога ги видоа своите лица на големиот екран, двајцата испаничија и се обидоа да исчезнат од кадарот – Бајрон се наведна, а Кабот го покри лицето.

@royalnews.alice

Personne n’a remarqué qu’après qu’Andy Byron ait poursuivi Chris Martin en justice, Chris a fait trois gestes qui ont fait d’Andy la risée de tous !#Chris Martin#Kristen Cabot #fyp#foryou#France#celebrity

♬ original sound – royalnews.alice

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com