Беше „најжешката“ тенисерка, сега блесна на црвениот тепих во Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната италијанска тенисерка Камила Џорџи (33), која минатата година го шокираше спортскиот свет со своето ненадејно пензионирање, додека властите ја гонеа за финансиски малверзации, повторно е во центарот на вниманието.

Откако наводно „бегаше“ во Америка, таа сега се врати во Италија и прошета по црвениот тепих на 82-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција како ништо да не се случило.

Џорџи, некогаш рангирана на 26-то место во светот, ја замени својата спортска опрема со гламурозен бел фустан со златни светки и гордо позираше за фотографите, нејзино прво големо јавно појавување откако нејзиното име стана синоним за скандал.

Нејзиното пензионирање во мај минатата година беше обвиткано во тајност. Набрзо се појавија шокантни обвинувања дека таа е под истрага на италијанската финансиска полиција (Гардија ди Финанца) за даночно затајување. Масло на огнот додаде сопственичката на вилата што ја изнајмуваше во близина на Фиренца, тврдејќи дека тенисерката и нејзиното семејство избегале преку ноќ, оставајќи шестмесечен заостанат закуп и земајќи вредни парчиња мебел со себе.

Сепак, во ретко јавно појавување во емисијата „Верисимо“, Камила остро ги негираше сите обвинувања, нарекувајќи ги смешни. Таа исто така негираше дека избегала во САД.

– Не беше бегство, се преселив трајно во Америка со моите родители. Проблеми со даночните власти? Моето семејство не знаеше за нив. Тие беа создадени од надворешни луѓе кои ме водеа – инсистираше Ѓорѓи, додавајќи дека нејзините поранешни менаџери се виновни за даночните проблеми.

Колку беше нагло нејзиното заминување од тенисот, сведочи фактот дека дури и организацијата на ВТА имаше проблеми да ја потврди веста за нејзиното пензионирање, откако нејзиното име се појави на листата на повлечени тенисерки.

Во меѓувреме, Камила се посвети на нова кариера – стана модел за долна облека и е многу активна на Инстаграм, каде што редовно објавува провокативни фотографии.

останати вести