Северот на САД како резултат на поларните температури и ветровите кои доаѓаат од Арктикот е целиот под мраз. Во третиот град по големина Чикаго живата на термометарот се спуштила на -50 степени, па на социјалните мрежи се појави видео како водата фрлена во воздух за секунда се претвора во мраз.
Инаку, за да си ги заштитат очите од студениот ветар повеќето од жителите на Чикаго носат маски за скијање.