Славната холвудска актерка Гвинет Палтроу е обвинета од пензионерот Теру Сандерсон, дека на скијачката патека во зимскиот центар Дир Воли, се забила во него и му нанела тешки повреди, односно, му скршила неколку ребра и му предизвикала потрес на мозокот.
Пензионерот на прес конференција изјавил дека прво слушнал врисок, па тап удар и дека сведок на несреќата е неговиот инструктор. Тој истакнал дека три години му требало за да ја поднесе тужбата и дека бара оштета од 3. 1 милион долари. Тери на пресот покажал и видео снимка како жена го удира од позади, и како преку него паѓаат уште две лица.
Гвинет Палтроу се ова го негира, и вели дека тужбата ќе биде отфрлена.