Џеси Бани, позната инфлуенсерка која е активна на апликацијата OnlyFans, но и поради нејзината екстремна трансформација и козметички процедури, објави дека очекува бебе со нејзината трансродова девојка Виена.
Двете инфлуенсерки делат страст за ботокс и козметички процедури, а она што го делат е и љубовта кон децата, па затоа објавија на видео платформата и социјалната мрежа дека Џеси е бремена во 18-та недела.
Овој пример отвори врата за разговор за инклузија, родителство и транс права, потсетувајќи нè дека секоја љубов заслужува почит и дека соништата за родителство се универзални, објави Она.