Славниот актер запловил со јахта, па ги покажал неверојатните стомачни мускули: Никој не може да верува дека изгледа како бог во 6-тата деценија (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудскиот актер Мет Дејмон (54) ги привлекол сите погледи во текот на одморот на Ибица каде ужива во друштво со сопругата Лусијана Босан Наросо и пријателите.

Парот се качил на луксузната јахта „Лолома“ по завршување на снимањето на новата филмска верзија на Хомеровата „Одисеја“ во режија на Кристофер Нолан.

Снимањето траело 164 дена, на разни локации на Медитеранот. За филмот не се знае многу, Нолан останува таинствен, но поставата е неверојатна: Дејмон го глуми Одисеј, неговиот син Телемах го толкува Том Холанд, а Ен Хатавеј е верната сопруга Пенелопа.

Шарлин Терон е волшебничката Кирка, додека пак Зендаја божицата Атена, моќната заштитничка на Одисеј.

Дејмон ја покажал неверојатната форма на тело и извајаните стомачни мускули. Дејмон изгледал опуштено додека уживал во пливањето и нуркањето во водата. Актерот ја одржува својата врвна форма на тело благодарение на интензивните тренинзи со познатиот фитнес тренер Џејсон Валш. Тој експерт работел и работи со низа актери од А листата, како што се Бредли Купер, Џејк Гејленхал, Педро Паскал…

На палубата на јахтата на актерот му се придружила и сопругата Лусијана која во црно бикини ја покажала нејзината неверојатна линија на тело. парот е познат по тоа што никогаш не се разделува на подолго време од две седмици, а последните три дена уживаат во помирно друштво, без вообичаените славни пријатели како Крис Хемсфорт, Рита Ора со кои се дружеле изминативе денови.

По капењето актерот се опуштал на јахтата додека пак останатите гости, меѓу кои и милијардерот Тед Веит и неговата сопруга Мишел поранешен супермодел, исто така уживале во капењето и сонцето.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com