Дизајнерите на Barbie загинаа во сообраќајка (ФОТО)

by Тони Зографски

Марио Паглино и Џани Гроси загинаа во сообраќајна несреќа

Дизајнерите на Barbie трагично го загубија животот на автопатот А4 Торино-Милано откако во нив се судри 82-годишниот Еџидио Черијани кој возел во погрешна насока. Нивните автомобили се судриле челно, што резултирало со трагична загуба на 4 животи.

Покрај Марио и Џани, во нивниот автомобил бил уште еден нивен пријател со сопругата, која исто така загинала.

Во моментот на судирот, Черијани возел со брзина од 129 километри на час.

„Тимот на Барби е скршен од болка поради загубата на Марио Паглино и Џани Гроси, двајца ценети креатори и соработници на Mattel кои донесоа радост и уметност во светот на Barbie како Magnia2000.“

„Како страсни и талентирани дизајнери и доживотни колекционери, нивниот дух и љубов кон брендот ја претворија секоја креација која ја допреа во ремек-дело“ – стои во објавата на Barbie.

„Тие имаа енергија која ја осветлуваше секоја просторија во којашто ќе влезеа“ – се додава во објавата.

останати вести