Цариниците шокирани- жена се обидела да прошверцува питони во градникот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Службениците на граничниот терминал помеѓу Кина и Хонг Конг, познат како Футиан Порт, снимиле необичен обид за шверц.

Забележале жена која изгледала нервозно и вознемирено, и иако тврдела дека нема што да пријави, властите се сомневале во нејзините зборови.

Спакувани во чорапи

По претресот, нивните сомневања биле потврдени, бидејќи младенчиња питони од загрозен вид биле пронајдени во градникот на жената!

Објавеното видео ги прикажува змиите како се спакувани во чорапи, потоа во градник, а службениците ги ослободиле и ги ставиле на маса, објавува Метро.

Жената била однесена на испрашување, каде наводно признала дека имала намера да ги продаде змиите во Кина. Влекачите биле конфискувани, а истрагата продолжува.

https://metro.co.uk/video/embed/3483971

Заштитен вид

Поседувањето на овој вид питон како домашно милениче е забрането, бидејќи е заштитен вид.

Властите велат дека ова не е изолиран инцидент, бидејќи жените веќе некое време се обидуваат да шверцуваат животни на слични начини. На пример, минатата недела на меѓународниот аеродром во Мајами, една жена била фатена со две желки скриени во градникот. За жал, една од желките умрела од стрес.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com